✖
За одржување на здрави заби најважно е темелно и ефикасно отстранување на забните наслаги, односно четкање на забите.
Два најважни производи за правилна орална хигиена се: четката за заби и интерденталната четка. Меѓутоа, што да се направи кога четкањето е отежнато?
После орално-хируршки интервенции, хемотерапија, носење на ортодонтски апарати, импланти, одржувањето на оралната хигиена е отежнато. Во тие случаи потребни се дополнителни средства за орална хигиена во вид на раствори, пасти и гелови.
Притоа е важно производите да се сигурни и ефикасни. PerioPlus+ производите делуваат против бактерискиот плак, со помош на хлорхексидинот (CHX) и моќта на CITROX® кој го имаат во својот состав.
За непожелните последици на хлорхексидинот се грижи посебна патентирана формула, која го спречува пожолтувањето на забите и не го менува вкусот во устата. PerioPlus+ производите не содржат алкохол и поради тоа не делуваат иритативно на слузокожата и не предизвикуваат жарење и печење. Исто така не содржат ни пена
SLS (содиум лаурил сулфат) која може да предизвика појава на афти, но и да го попречи делувањето на хлорхексидинот.